Саудискиот принц Алвалид Бин Талал поднесе тужба против магазинот Форбс за погрешна проценка на неговото богатство. Тој бара одговорност поради клевета против уредникот и двајца новинари од популарниот американски магазин, бидејќи му е нарушен неговиот углед и меѓународна репутација во бизнис круговите.
Форбс богатството на Бин Талал го процениле на 20 милијарди долари, додека тој тврди дека има 10 милијарди повеќе, односно 30, со што од 26. место на листата на најбогати луѓе во светот, би требало да се искачи на делба на 9. место.
Неговата компанија „Кингдом холдингс“, меѓу другите, има удели во сопственоста на мултикорпорациите „Apple“, „Facebook“, „Twitter“, како и во компанијата на медиумскиот магнат Руперт Мардок, а сопственик е на повеќе луксузни хотели во светот, меѓу кои Савој, Плаза во Њујорк и ланецот „Фор сизонс“.