Саудиската коалиција уништила шест дронови на Хутите

Од:

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, што учествува во граѓанската војна во Јемен, пресретнала и уништила шест беспилотни летала наполнети со експлозиви, наведе саудиската државна телевизија, објаснувајќи дека дроновите биле лансирани од бунтовниците Хути и биле упатени кон нивното кралство.

Коалицијата соопшти дека „станува збор за намерни и систематични непријателските обиди на Хути насочени кон цивилите“, додавајќи дека таа ги презема сите неопходни мерки за заштита на цивилите, пренесуваат британските медиуми.

Коалицијата претходно соопшти дека уништила балистичка ракета што Хутите ја лансирале кон саудискиот град Џазан.

Британските медиуми пренесуваат дека саудиската воена коалиција ја почна својата интервенција против Хутите во Јемен во март 2015 година, откако ова движење ја собори меѓународно признатата влада во Сана и зазеде поголем дел од територијата на земјата.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД