Саудиска хуманитарна организација со помош од 244 милиони долари за Јемен

Од:

Хуманитарна организација, финансирана од Саудиска Арабија потпиша осум спогодби со Обединетите нации за доставување помош во износ од 244 милиони долари за Јемен, изјави заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан.

Тој на прес-конференција истакна дека парите веќе се насочени со предзнак за помош за Јемен и додаде дека следните денови ќе биде потпишана и деветтата, последната спогодба, со организацијата.

О’Брајан нагласи дека потребата од хуманитарна помош во Јемен постојано се зголемува и во моментов изнесува 1,6 милијарди долари, од кои финансирани се само околу 40 отсто.

Во судирите во Јемен загинаа над четири илјади лица, а населението на најсиромашната арапска земја гладува и е на прагот на хуманитарна криза.

Според ОН 21 милион лица или 80 отсто од населението на Јемен имаат потреба од хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина