Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоа што „промовирале хомосексуалност“

Од:

Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во бои на виножито под изговор дека преку нив се за „поттикнува хомосексуалноста“.

Телевизијата Ал Екбарија објави дека тамошното Министерство за трговија од продавниците во Ријад повлекува повеќе артикли, вклучително и штипки за коса, маици, капи и футроли за моливи.

Еден функционер рече дека предметите се „против исламот и јавниот морал и на младите им промовираат хомосексуални бои“.

Министерството за трговија на Твитер објави дека конфискува „производи кои содржат девијантни симболи и знаци и се во спротивност со здравиот разум“, објави Би-Би-Си.

Продавницитекои ќе одлучат да ги продаваат производите во боите на виножитото ќе бидат казнети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД