Саудиска Арабија вети 400 милиони долари хуманитарна помош за Украина

Од:

Саудиска Арабија вети дека на Украина ќе и даде пакет хуманит арна помош вреден 400 милиони долари, јави денеска државната саудиска агенција СПА, по критиките на САД за монархијата богата со нафта.

Помошта беше најавена вчера во телефонскиот разговор меѓу моќниот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе ДПА.

Саудиската агенција соопшти дека помошта ќе помогне да се олеснат страдањата на Украинците во услови на актуелната војна што трае повеќе од седум месеци, поточно откако на 24 февруари Русија ја нападна Украина.

Саудискиот престилонаследник, додава ДПА, кажа дека неговата земја е подготвена да ги продолжи напорите за посредување и сите чекори кои помагаат во деескалација на конфликтот.

Саудиска Арабија минатиот месец сооопшти дека престолонаследникот Мохамед бин Салман посредувал меѓу Русија и Украина за ослободување на 10 затвореници од различни земји.

Кралството претходно неделава гласаше за резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се осуди руската анексија на четирите украински провинции.

Саудиска Арабија се наоѓа под жестока критика од САД откако нафтениот картел ОПЕК +, предводен од Ријад, а во кој се наоѓа и Русија, претходно овој месец соопшти дека го намалува производството на сурова нафта за два милиона барели дневно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина