Саудиска Арабија уништила проектили и дронови лансирани од јеменските бунтовници Хути

Од:

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска соопшти дека пресретнала и уништила четири проектили и седум беспилотни летала, кои врз кралството биле лансирани од јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, јави ДПА.

Ракетите и дроновите биле лансирани од главниот град на Јемен, Сана, и биле насочени кон цивилни цели, изјави портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малки, пренесен од официјалната Саудиска агенција за печат.

Воениот портпарол на Хутиите, Јехија Сера, во изјава потврди дека бунтовничката група извршила напади врз саудиски воени локации, додаде ДПА.

Тој дополни дека балистичките проектили и беспилотните летала уништиле голем број воени авиони и други воени цели на аеродромите во Абха, Јизан и Најран, во близина на границата со Јемен.

Саудиска Арабија ја предводи Алијансата за борба против Хутите во Јемен од март 2015 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен