Саудиска Арабија денеска соопшти за три нови смртни слуачи на заболени од коронавирусот, близок до причинителот на атипична пневмонија САРС.
Според соопштението на Министерството за здравство на кралството, починатите се на возраст меѓу 24 и 60 години. Сите жртви имале хронични заболувања и биле примени во болница пред еден месец.
Со ова вкупниот број на смртни случаи од новиот вирус на Блискоисточниот респираторен синдрим (МЕРС) во светот достигна 30, од кои 21 се во Саудиска Арабија.
Досега во светот се потврдени најмалку 49 случаи на заболени од МЕРС, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. Најголем број од нив, околу 38 се регистрирани во Саудиска Арабија, а потоа во Катар, Јордан и Обединетите Арапски Емирати.
Слуачи на заболени од МЕРС беа регистрирани и во Велика Британија, Франција, Германија и Тунис. Сите заразени патувале на Блискиот Исток.