Саудиска Арабија потврди за учество во нападите во Сирија против Исламска држава

Од:

Воено-воздушните сили на Саудиска Aрабија учествуваа во нападите врз џихадистите од Исламска држава во Сирија, објавија саудиски медиуми.

– Официјален извор потврди дека саудиските ВВС учествувале во воени операции во Сирија против Исламска држава и во поддршка на умерената сириска опозиција во рамки на меѓународната коалиција за борба против тероризмот, јавија државните медиуми во Саудиска Арабија.

Извор од службите за безбедност додал дека од Саудиска Арабија биле испратени четири воени авиони Ф-16, од ОАЕ 4 воени авиони, од Бахреин – два, а Катар со еден Мираж кои не учествувале активно во нападот.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија