Саудиска Арабија: Нема да одговараме за високите цени на нафтата по нападите од Хутите врз производството

Од:

Саудиска Арабија „нема да сноси никаква одговорност за недостиг во испораката на нафта на глобалниот пазар“ откако нападите на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го погодија производството, се вели во соопштени што денеска го пренесе државната саудиска новинска агенција.

Во соопштението се вели дека Министерството за надворешни работи објавило дека „меѓународната заедница мора да преземе одговорност за одржување на резервите на енергија“, со цел да се „спротивстави на Хутите“.

Јеменските бунтовници Хути вчера извршија еден до најинтензивните напади со беспилотни летала и проектили врз главните енергетски објекти на Саудиска Арабија, со што предизвикаа пожар на еден објект и привремен прекин на производството на нафта на друг.

Во нападот немаше човечки жртви, но беше погодена локација на една од најголемите светски енергетски компании, а беа оштетени и цивилни возила и домови, соопшти воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен.

Цената на суровата нафта „брент“ денеска изнесува 112 долари за барел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски