Саудиска Арабија ќе донира 580 милиони долари за обнова на Појасот Газа

Од:

Саудиска Арабија обезбеди 580 милиони долари за обнова на Појасот Газа, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принц Сауд Ал Фејсал ибн Абдул Азиз Ал Сауд.

Тој веста ја соопшти на вонредната седница на извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка посветена на ситуацијата во Појасот Газа.

Од вкупната сума, 80 милиони долари ќе бидат за медицинска помош за Палестинците, а 500 милиони долари за обнова на разурнатата енклава од израелската воена операција.

Средствата ќе бидат доставени преку Фондот за развој.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат