Саудиска Арабија го затвора дописништвото на катарската телевизија „Ал Џазира“

Од:

Саудиска Арабија го затвори локалното дописништво на влијателната катарска сателитска телевизија Ал Џазира, неколку часови откако таа и уште неколку арапски држави ги прекинаа дипломатските односи со Доха поради обвинувања дека Катар поддржува исламистички групи.

– Министерството за информации го затвори дописништвото на телевизијата Ал Џазира и ја одзеде лиценцата, јавија саудиски медиуми.

Ријад смета дека Ал Џазира е критички настроена кон саудиската Влада, но телевизијата наведува дека е независен медиум во регионот.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места