Саудиска Арабија го прекина сообраќајот со девет земји поради ширењето на коронавирусот

Од:

Саудиска Арабија денеска ги укина воздушните и водените сообраќајни врски со девет земји, како мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Властите на Саудиска Арабија рано изутринава најавија прекинување на сите летови од и до Бахреин, Египет, Ирак, Италија, Кувајт, Либан, Јужна Кореја, Сирија и Обединетите Арапски Емирати поради ширењето на новиот коронавирус.

Саудиска Арабија претходно ги затвори копнените граници, а затворен е и пристапот до светите места во исламот поради загриженоста за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија