Саудиска Арабија ги обнови бомбардирањата врз шиитските бунтовници во Јемен

Од:

Военото воздухопловство на Саудиска Арабија ги обнови денеска бомбардирањата на позициите на шиитските бунтовници-Хутси во Јемен,само неколку часови по објавувањето на соопштението дека Арапската коалиција,предводена од саудиските сили,ги прекинуваат едномесечните воздушни напади.

Во денешнто бомбардирање,беа нападнати позициите на Хутските кај Аден,во провинцијата Лахџ и кај градот Далех.

Според соопштението на Ријад,нападите се обновени откако шиитските бунтовници зазедоа една воена база кај градот Таиз,трет по гоемина во Јемен,која беше под контрола на јеменската армија,лојална на претседателот Абдрабух Мансур Хади.

Саудиска Арабија претходно соопшти дека ќе ја суспендира одлуката за прекин на бомбардирањата против бунтовничките Хутси, доколку за тоа се укаже потреба.

Во реонот на Јемен,Американците испратија еден носач на авиони кој треба да патролира во теј дел од светот,откако Иран испрати неколку свои воени бродови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа