Сасоли: Многу сме загрижени за Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, се сретна со главниот европски преговарач за Брегзит денеска и изрази длабока загриженост за отсуството на напредок во преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој нагласи дека Обединето Кралство целосно истапува од ЕУ за 114 дена, по што правото на ЕУ нема повеќе да важи во оваа земја, како што е случај за сега, за време на транзициската фаза.

-Времето не е на наша страна и јас сум длабоко загрижен со оглед на недостатокот на напредок во преговорите во оваа доцна фаза, изјави Сасоли.

Сасоли порача дека ЕУ го почитува суверенитет на Обединетото Кралство и дека за возврат очекува почит за фундаменталните принципи на ЕУ.

Претседателот на Европскиот Парламент призна дека ЕУ не сака „договор по секоја цена“, но ги повика Британците на итен компромис пред крајот на оваа година и очекува од нив да го почитуваат потпишаниот договор и дадените ветувања, посебно во однос на правата на ЕУ граѓаните во Обединетото Кралство и во однос на Северна Ирска.

-Ако Обединетото Кралство го поткопува договорот, тоа ќе има сериозни поселдици, ЕУ и нејзините институции се целосно обединети за фер договор за граѓаните на ЕУ и на Обединетото Кралство, изјави Давид Сасоли.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска