Поранешниот француски претседател Никола Саркози поднесе оставка од Уставниот совет на Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
Оставката на Саркози доаѓа откако денеска Уставниот совет не ги прифати сметките од неговата предизборна кампања во 2012 година, што на неговата матична партија УМП му предизвикува сериозни финансиски проблеми.
Со отфрлањето на сметките на УМП ќе и недостигаат околу 11 милиони евра потрошени за изгубената кампања, а кои требаше да ги добие од државата, Никола Саркози автоматски стана член на Уставниот совет како сите живи француски претседатели по истекот на мандатот.