Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „постапил правилно“ со посетата на Русија додека се обидува да ја врати дипломатската комуникација во обид да стави крај на војната во Украина.
„Првиот чекор на патот кон мирот е обновувањето на комуникациските канали“, рече Саркози во интервју за неделникот Мандинер, пренесува Ројтерс.
Орбан рано денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со оваа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.