Поранешниот француски претседател Никола Саркози најверојатно ќе мора да врати 10 милиони евра, кои како претседателски кандидат ги доби од државата во вториот круг на изборите, откако изборната комисија на Франција утврди дека парите биле потрошени за посети и активности како претседател, со што ги прекршил законските одредби .
Извештајот на изборна комисија за овој случај ќе биде предаден на францускиот уставен суд и доколку судот го прифати, Саркози најверојатно, ќе мора да врати 10 милиони евра, јави агенцијата Анадолија.
Саркози на изборите, го порази актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд.
Во согласност со законите на Франција, двајцата кандидати во вториот круг на претседателските избори, имаат право да потрошат најмногу до 22 милиони евра, од кои половината ги дава државата.
Во случај на повреда на овој закон, Уставниот суд треба да расправа за враќање на парите од кандидатот кој го прекршил законот.
Ова е прв пат во историјата француската Изборна Комисија, која е одговорна за усвојување на извештајот за финансиските трошоци на кандидатите за време на кампањата, да не го прифати извештајот на еднен кандидат од вториот круг на претседателските избори.