Сар: Макрон не е добредојден во Израел сè додека Франција има намера да ја признае Палестина

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидон Сар, денес го повика својот француски колега Жан-Ноел Баро да каже дека треба Париз да се откаже од својот план за еднострано признавање на палестинската државност на септемвриската сесија на Обединетите нации (ОН), притоа нагласувајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон нема да биде добредојден да го посети Израел сè додека таков потег е во тек.

Во телефонски разговор, Сар го повика Баро да „ја преиспита иницијативата на Франција за признавање на палестинска држава“, предупредувајќи дека тоа „ја поткопува стабилноста на Блискиот Исток и им штети на националните и безбедносните интереси на Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.

„Израел се стреми кон добри односи со Франција, но Франција мора да го почитува ставот на Израел за прашања што се од суштинско значење за неговата безбедност и иднина“, рече Сар за време на разговорот.

Би можело да ве интересира

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Баро: Русија се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација