Претседателката на Молдавија, Маја Санду, го повика Западот за поддршка во одбраната на земјата поради сомневањата за руско мешање во поранешната советска република.
„Молдавија, која се граничи со Русија и Украина, постојано беше изложена на хибридни напади на Русија и други обиди за дестабилизација на земјата“, изјави Санду за новинарите во понеделникот за време на посетата на романската престолнина.
Санду посочи дека Молдавија исто така бара оружје и воена поддршка од Западот.
„Да, ние треба да ги подобриме нашите одбранбени способности и, да, ни треба помош за тоа и, да, разговараме за тоа со нашите партнери“, рече Санду.
Таа отпатува за Букурешт за да се состане со германскиот канцелар Олаф Шолц и со романскиот претседател Клаус Јоханис.
Шолц и Јоханис неколку пати нагласија дека Западот, меѓу другото, економски ќе ја поддржи Молдавија.