Сандеј Телеграф: Ослободувањето на „бомбашот од Локерби“ – комерцијална зделка

Од:

Ослободувањето на Либиецот Абделбасет ал Меграхи, познат како „бомбашот од Локерби“, било дел од големата комерцијална зделка на британската Влада со поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, тврди неделникот „Сандеј Телеграф“.


Овој весник, близок до владејачката Конзервативна партија, за ваквото свое тврдење, се повикува на содржината на едно електронско писмо што во 2008 година тогашниот амбасадор на Велика Британија во Триполи Винсент Фин го испратил до приватната канцеларија на поранешниот премиер Тони Блер.


Во писмото Фин вели дека „трансферот на еден затвореник би можел да помогне да се потпише договор со Либија, околу претходното ветување на Триполи за купување на британски протуввоздушен ракетен систем, во вредност од 400 милиони фунти. Писмото на амбасадорот, всушност, е дел од неговиот брифинг испратен до Блер и во него тој детално ги анализира британско-либиските односи.
 
Писмото е испратено во почетокот на јуни 2008 година, откако Блер веќе една година не беше британски премиер, по што тој на 10 јуни отпатува во Либија во приватна посета на Гадафи.
 
Амбасадорот наведува неколку области каде двете земји би можеле да соработуваат на економски план, при што весникот ги споменува вложувањето од околу 80 милијрди фунти либиски средства во лондонскиот финансиски центар Сити, како и уште други стотина милијарди во еден посебен фонд за обнова на Сиера Леоне и на другите сиромашни африкански држави, погодени од граѓански војни и внатрешни судири.
 
Весникот го обвинува Блер дека во тие разговори го договорил и ослободувањето на Меграхи, на што Гадафи постојани инсистираше за да прифати да купи британско оружје.
 
Канцеларијата не Блер ги отфрли овие обвинувања, објаснувајќи дека затвореникот што се споменува во писмото на амбасадорт Фин, не е „бомбашот од Локерби“. Во демантот на Блер се тврди дека Гадафи го споменал Меграхи, но дека основата на тој разговор била помошта за Африка, затоа што во тоа време Либија претседатеваше со Африканската Унија. Канцеларијата на поранешниот премиер потенцира дека ослободувањето на Меграхи беше исклучиво во надлежност на шкотските власти.
 
Либиецот на 9 август 2009 година беше ослободен од затворот во Шкотска, каде издржуваше доживотна затворска казна, за уривањето на американскиот патнички авион над шкотското место Локерби. Тој беше ослободен со образложение дека е неизлечиво болен и за да не почине во затворската ќелија. Меграхи почина во својот дом во Триполи во 2011 година. Велика Британија не им продаде оружје на Либијците.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство