„Сан“: Секој петти лондонски бездомник на улица е од Бугарија и Романија

Од:

Секој петти бездомник кој спие на лондонските тротоари, без покрив на главата, е дојден од Бугарија и Романија, пишува „Сан“ повикувајќи се последниот извештај на британското Биро за статистика (ОНС) според кој вкупната годишна миграција во Велика Британија изнесува 323 илјади лица.

Весникот тврди дека една петина од новодојдените 165 илјади мигранти од земјите членки на ЕУ, се од овие две балкански земји. Нивниот број последнава година е зголемен за 17 илјади мигранти, па сега има вкупно 33.000 дојденци.

Во податоците на ОНС се вели дека една третини од новодојдените Бугари и Романци, веќе имале обезбедено некакво работно место, но „Сан„ открива дека петина од вкупно 7.581 регистрирани бездомнци кои нема каде да спијат, се токму од овие две држави.

Романија и Бугарија влегоа во ЕУ на 1 јануари 2007 година, но британската влада за државјаните од овие земји воведе седумгодишен период во кој за нив не важеше одредбата за слободно вработување во сите сектори за британската економија, како што тоа им беше овозможено на новопримените членки на Унијата, кој влегоа на 1 мај 2004 година.

Седумгодишниот мораториум заврши на 1 јануари 2014 година, проследен со стравувањата на британските евроскептици, дека по напливот на Полјаците по мај во 2014 година, кога во кус период, во Британија дојдоа околу еден милион мигранти од Полска, ќе уследи таков бран и од Бугарија и Романија.

Британските медиуми тогаш предупредуваа дека заедно со државјаните од овие две земји, ќе влезат и непознат број мигранти со бугарски и романски пасоши, што властите во Софија и Букурешт ги делат во соседните земји.

Сегашните состојби со миграцијата, во која и натаму Британија е атрактивна дестинација, за мигрантите од истокот на Европа, уште повеќе ги зголемува тензиите меѓу оние кои заговараат останување на Британија во ЕУ и евроскептиците кои агитираат за напуштање на Унијата, сметајќи дека тоа е единствениот начин за запирање на мигрантите од ЕУ.

Британија се избори за блоокирање на правото за користење на социјалните бенифиции за европските мигранти, во првите четири години, од нивниот престој и работа на британска територија, со договорот што го постигна со ЕУ, на последниот Самит во Брисел.
Владата во Лондон, тврди дека голем број од мигрантите од ЕУ (посебно од Истокот) доаѓаат во Британија само да ги користат британските социјални бенифиции. „Сан“ смета дека тоа го покажува виокиот процент бездомници, странци на улиците во Лондон.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство