Во самоубиствен напад на минибус во Кабул, поради американскиот анти-исламски филм, убиени се 12 луѓе, од кои седум странци.
Бунтовничката група Hezb e Islami, која ја презеде одговорноста, соопшти дека нападот е освета поради филмот „Невиност на муслиманите“ во кој се исмева пророкот Мухамед, пренесува Ројтерс.
Филмот кој беше поставен на Youtube предизвика насилие и бес во 20-тина земји во светот. Најмалку 17 луѓе беа убиени, а десетина ранети.