Најмалку 16 лица загинаа и 30 се ранети денеска во самоубиствен напад врз контролен пункт во градот Хост во источен Авганистан.
Портпарол на ИСАФ изјави дека меѓу загинатите има и странски војници, но не даде детали. Напаѓачот активирал бомба на контролниот пункт каде имало авганистански и странски војници.
Нападот е извршен во близина на џамија во градот. Меѓу повредените има жени и деца.