Најмалку две лица загинаа кога бомбаш самоубиец влегол во продавница за чај во сомалискиот главен град Могадишу и активирал експлозивна направа.
Шефот на сомалиската полиција Мухамед Хусаин изјави дека напаѓачот влегол во продавницата и ја детонирал бомбата која ја носел на појасот.
Ова е прв напад од 16 март, откако во земјата е потврден првиот и засега единствен случај на заразени од новиот коронавирус.