Самопрогласен пастор осуден на 34 години затвор поради сексуално злоставување

Од:

Евангелистичкиот пастор по потекло од Нигерија, Мајкл Олуронби осуден е на 34 години затвор во Велика Британија откако беше прогласен за виновен за силувања.

Судијката Сара Бакингем изјави дека Олуронби, аптекар и самопрогласен пророк е сторител на една од „најтешките сексуални злоставувања над малолетни лица“.

Судот во Бирминген соопшти дека Олуронби (60) е прогласен за виновен за 15 случаи на силување, седум обиди за сексуално злоставувања и два сексуални напада.

Кривичните дела се сторени во Бирминген и во Лондон и се случиле најмалку 88 пати.

– Пасторот ги убедувал жртвите, од кои една имала само девет години да учествуваат во духовното капење, кое наводно го чистело телото од злите духови, но правата причина била задоволување на својата сексуална желба, наведе Судот.

Дел од жртвите останале бремени, но пасторот ги убедувал да абортираат.

Сопругата на пасторот Џулијана (58) е прогласена за виновна за соучество во силување и е осудена на 11 години затвор.

Олуронби во 1989 година формираше своја група следбеници, кои сексуално ги злоставуваше.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија на камион цистерна во Нигерија

А1он

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин