Само тројца лидери на европски земји добија честитки од Путин за Нова година и Божиќ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин им упати честитки за Божиќ и Нова Година на голем број странски лидери и политичари, соопшти Кремљ.

Путин им упати честитки на лидерите на земјите-членки на БРИКС, на претседателите на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, како и на лидерите на земјите од Глобалниот Југ и Исток, вклучувајќи ги претседателите на Индонезија, Мјанмар и Монголија, како и на високи функционери на Виетнам. Телеграми беа испратени до лидерите на Северна Кореја, Венецуела и Куба, како и до копретседателите на Никарагва и лидерот на Етиопија.

Честитки примија и речиси сите лидери на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои и претседателите на Абхазија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Јужна Осетија и Узбекистан, како и лидерите на Ерменија, Таџикистан и Туркменистан.

Меѓу европските лидери, само мал број од нив ја примија пораката на Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо. Од лидерите на земјите-членки на НАТО, честитки беа испратени до американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Покрај актуелните лидери, рускиот претседател им испрати божиќни и новогодишни честитки и на папата Лав XIV, како и на неколку поранешни државници, меѓу кои поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, поранешниот казахстански лидер Нурсултан Назарбаев и поранешниот кубански претседател Раул Кастро.

Би можело да ве интересира

Путин го сака целиот Донбас, но не исклучува размена на територии

Американски разузнавачи: Путин ја сака цела Украина, идејата е Русија уште да се шири

Предраг Петровиќ

„Скај њуз“: Путин ги покажа Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон како руски територии

Путин: Руската економија стабилна и покрај предизвиците, инфлацијата во 2025 година најмногу 5,8 проценти

(ВИДЕО) Путин сака војната во Украина мирно да завршни

Макрон: Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговарам со Путин