Вашингтон настојува да ја убеди Кина, да го искористи своето влијание на регионален партнер Северна Кореја и да го одврати Пјонгјанг од заканите со нуклеарен напад.
Државниот секретар на САД, Џон Кери при посетата на Пекинг, ќе се обиде да и објасни на Кина дека однесувањето на Северна Кореја ги загрозува и кинеските интереси.
По посета на Кина, Кери треба да ги посети и Јужна Кореја и Јапонија и тоа во момент на исчекување дали кон Сеул, Окинава или Гуам, американската територија на Пацификот ќе полетаат балистички ракети, кои наводно се подготвени на источното крајбрежје на Северна Кореја.
Кери претстојуваше на помалку од 50 километри од демилитаризираната зона која ги раздвојува двете Кореи, а изборот на првата дестинација јасно ја открива намерата на САД да ја убеди јужнокорејската власт дека можат да сметаат на поддршка од Вашингтон.
Кери по состанокот со министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Јун Бјунг Сео, нагласи дека САД ќе ги брани и своите сојузници доколку тоа биде потребно.
-Северна Кореја нема да биде прифатена како нуклеарна сила. Реториката која ј а слушаме едноставно е неприфатлива- изјави Кери.
Американското официјално лице кое патува со Кери истакна дека Кина е главниот играч во моменталнава криза на Корејскиот полуостров, која е фатена во зачараниот криг на напнатост и закани откако Пјонгјанг ја изведе и третата нуклеарна експлозија.
-Кина има големовлијание врз стабилноста наполуостровот, а континуираното севернокорејско инсистирање на нуклеарната и ракетна способност е непријател на стабилноста- изјави официјалното лице.
Северна Кореја вчера ја предупреди Јапонија дека ризикува доколку се вмеша во судирот кој може да избие на Корејскиот полуостров.
Токио би можел да биде проголтан во нуклеарен пламен, соопшти севернокорејска државна агенција.
Елена Георгиевска