Најмалку 37 лица се убиени во масакр во североисточниот дел на Тајланд, а повеќето од убиствата се случиле во градинка во Нонг Буа Ламфу. Меѓу убиените има 23 деца.
Ова страшно злосторство го извршил поранешниот полицаец Пања Камраб, под дејство на дрога.
Би-Би-Си пишува дека само едно од децата кои биле во градинката преживеало.
Родителите на убиените се собрале пред градинката плачејќи и држејќи детски играчки во раце. Една мајка неутешно плачела, гушкајќи го омиленото ќебе на убиениот син и неговото сè уште полуполно шише млеко.
Скршените родители и семејства оставиле бели рози на скалите од детската соба во градинката.
Директорката на градинката Нантича Панчум рече дека во градинката обично има 92 деца, но поради лошото време и дефектот на автобусот во градинката имало 24.