Само двајца членови на екипажот ја преживеаја несреќата во Јужна Кореја

Од:

179 лица загинаа, а двајца се спасени од авион со 181 лице што се урна во неделата на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на спасувачките служби, пренесува Ројтерс.

Летот на Jeju Air 7C2216, кој доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот, се обидел да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја.

Маж и жена, членови на екипажот, се спасени, додека сите други починале.

„Само опашката е донекаде недопрена, остатокот од авионот е непрепознатлив“, изјави шефот на противпожарната служба Ли Јунг-Хјун.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон