Само 17 проценти од Австријците би се вакцинирале за Ковид-19

Од:

Во Австрија само едно од пет лица има намера да се вакцинира против Ковид-19 откако вакцината ќе биде достапна, покажа истражување на јавното мислење.

Според истражувањето, спроведено по нарачка на агенцијата АПА и телевизијата АТВ, 17 проценти од Австријците изјавиле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 29 отсто дека сигурно нема да го направат тоа.

Уште 13 проценти од испитаниците изјавиле одредена подготвеност за вакцинација.

Врз основа на ова истражување, експертите тргнуваат од фактот дека, во овој момент, можат да бидат мобилизирани 30 проценти од граѓаните за да се вакцинираат.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер претходно изјави дека е потребна стапка на вакцинација од најмалку 50 проценти со цел животот да се врати во нормала.

Во исто време, 83 проценти од Австријците одбиваат обврска за вакцинирање, а само 14 би поддржале таква обврска.

Би можело да ве интересира

Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Австрија

Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19

Австрија в понеделник го укинува „локдаунот“ за невакцинираните

Австрија воведува задолжителна вакцинација за сите над 18 години

Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена