Самитот на Франкофонијата одложен за следната година

Од:

Осумнаесетиот самит на Франкофонијата, првично закажан за декември, ќе биде одложен за 2021 година, како резултат на пандемијата со Ковид-19, соопшти Меѓународната организација на Франкофонијата (ОИФ), чија 50-годишнина требаше да се слави во Тунис, јави дописникот на МИА.

Самитот, што се одржува на секои две години, за време на кој се избира генерален секретар на организацијата, требаше да ги собере шефовите на држави или влади во кои се зборува или се споделува францускиот јазик на 12 и 13 декември 2020 година во Тунис.

Тунис потврди дека е подготвен да биде домаќин на самитот во 2021, кој би требало да се одржи во Џерба.

Франкофонија ја поздрави заложбата на Тунис и го повторува својот интерес за темата „Поврзување во различноста: дигиталниот вектор за развој и солидарност во франкофонскиот простор“, нејзината релевантност е засилена со оваа невидена криза која ги зафати сите земји-членки и владите на ОИФ.

ОИФ обединува има 88 држави и влади: 54 членки, 7 придружни членови и 27 набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск