Самит на лидерите на Г7 во Германија

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе ги пречека лидерите на групата најразвиени светски демократии на почетокот на тридневниот самит на Баварските Алпи, во сенка на војната во Украина и нејзините последици како што се поскапувањето на енергенсите и храната.

Самитот се одржува во Елмау, со многу помрачен тон отколку кога лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се состанаа за првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 минатата година.

Глобалниот пораст на цените на енергијата и храната, една од последиците на војната во Украина, негативно влијае на економскиот раст.

Се очекува лидерите на Г7 да покажат единство во поддршката на Украина и да продолжат да вршат притисок врз Кремљ онолку долго колку што е потребно, иако ќе избегнат санкции кои би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го отежнат животот на нивните граѓани.

„Главната порака треба да биде да се држиме заедно дури и во тешки времиња“, најави претставникот на ЕУ.

На самитот се очекува лидерите на Г7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски