Салах Абделслам со повластен третман во затворот

Од:

Единствениот преживеан напаѓач од нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, Салах Абделслам, ужива повластен третман во францускиот затвор Флори-Мерожис.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Париз, го соопшти пратеникот на опозициската партија Републиканци, Тјери Солер, кој, како што рече, при посетата на затворот „останал без зборови“ кога видел дека една затвосрка ќелија била претворена во сала за вежбање за потребите на Абдеслам.

– Бев уште повеќе изненаден кога дознав дека таа ќелијата ја кориситисамо Салах Абдеслам, изјави партеникот, додавајќи дека во ќелијата е поставен симулатор за веслање, какои  дека се нарачани и други справа за вежбање.

Адаптирањето на оваа ќелија уште повеќе изненадува, ако се знае дека затворскиот центар Флори-Мерожис е пренатрупан, со стапка на искористеност од 190 проценти.

– Душеци за спиење за нови затвореници се поставени дури и на подовите во ќелиите, изјави Солер.

Тој имал можност да го види Салах Абдеслам преку постојаниот систем за видео надзор, преку кој тој постојано е набљудуван со „половина дузина камери“ со висока резолуција, со кои може да се зумира и да се види што чита или она што јаде затвореникот, но „без никаков звук“.

Според пратеникот, Абдеслам изгледал „уморно и нервозно“.

– Неговиот кревет беше совршено наместен. Не постои ништо што не е на место, се е претерано уредно. Тој се средуваше со нагли движења и набрзина. Дури и забите ги миеше набрзина. Имав впечаток дека е многу напнат, изјави тој.

Солер вели дека го гледал Абдеслам додека се молел.

– Се намириса и го постели својот црвен ќилим за молитва. Беше облечен во тренерки и со темна маица. По молитвата, седна на креветот и почна да го чита Куранот, раскажа Солер.

Тој вели дека чуварите го опишале Абдеслма како „многу срамежлив, кој не поднесува претрес на телото“.
Пратеникот по посетата на затворот решил да се обрати до францускиот министер за правда Жан-Жак Урвоас, за да добие објаснување за отворањето на „салата за вежбање“ за Абдеслам.

– Би сакал да ги знам причините и мотивите на Министерството за таквата одлука, напиша Солер во писмото до Урвоас.

Би можело да ве интересира

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

Ливерпул одби 150 милиони фунти за Салах

Жестоки навреди за Салах затоа што со семејството се сликаше пред божиќна елка

Салах: Натпреварот со Јунајтед ќе биде посебен за сите навивачи

Салах преговара за нов договор и неделна плата од 360.000 евра

А1он