„Сакам да го нокаутирам Путин“

Од:

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, призна дека сонува да влезе во рингот со рускиот претседател Владимир Путин.

Кличко, на прашањето на новинар на Билд дали ќе го нокаутира Путин, одговори: „Се разбира дека би сакал да го нокаутирам Путин, но тоа е само фантазија“.

Според Кличко, „Путин моментално го доживува својот личен нокаут на фронтот“, каде, како што наведе, украинските војници херојски се борат и нанесуваат тешки порази на руската армија.

Градоначалникот на Киев изрази уверување дека Украина ќе ја добие војната со Русија, но посочи дека итно и треба повеќе оружје, муниција и борбени авиони.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец