Вилијам Матсон (52) е осомничен за силување на девојка во Конвеј во Јужна Каролина. Дечкото на жртвата го затекнал Вилијам како лежи врз девојката.
Дечкото го пронашол во спалната соба на својата девојка. Мажот лежел врз неа. Полицијата тврди дека повеќе пати го удрил со рака, а потоа го избркал од куќата, па повторно го тепал во дворот.
Полицијата вели дека на Матсон крв му течела од цело лице.
Велат дека момчето ја бранело својата девојка па веројатно нема да го обвинат. Не се откриени други детали.