Британскиот пратеник Сајмон Данчук ја напушти Лабуристичката партија, чиј член е долги години, откако го обвини актуелното левичарско раководство дека е „опаседнато со Карл Маркс“ и дека отстапило од досегашната социјалдемократска традиција.
Данчук, кој е остар критичар на лабуристичкиот лидер Џереми Корбин, претходно беше симнат од листата на кандидати на лабуристите за претстојните предвремени парламентарни избори, иако на изборите во мај 2015 година во својата изборна единица во Рокдејл извојува уверлива победа.
Пред две години тој беше суспендиран од партијата, поради едно сомнителни и недокажани обвинувања за „сексуално вознемирување“ на малолетничка.
Против него немаше никакво официјално обвинение, па Данчук остана член на Долниот дом на Парламентот, дествувајќи како независен пратеник, иако што не ја напушти Лабуристичката партија.
Сега тој го обвини Корбин и раководството дека вршеле притисок врз гласачите во Рокдејл да гласаат за новопредложениот кандидат, која е советничка на актуелниот партиски лидер.
Не е јасно дали Данчук ќе се кандидира како независен на изборите на 8 јуни, но тврди дека неговата досегашна партија е длабоко „пропадната“ во левичарењето и се соочува со тежок пораз.
Данчук за Џон Мекдонел, кој е еден од новите предводници на партијата и министер за финансии во Владата во сенка, тврди дека е „опседнат со Маркс, со придобивките на комунизмот и со наследството на Сталин“.
– Актуелното лабуристички раководство нема никакво чувство за новото време, ниту е во допир со денешна модерна Британија, изјави Денчук за лондонските медиуми.
Последните анкети покажуваат дека Тереза Меј и незините конзервативци ја зголемуваат предноста пред лабуристите на Корбин, која сега изнесува 22 отсто.