Садик Кан: Брегзитот би можел да биде запрен

Од:

Лондонскиот градоначалник Садик Кан смета дека се уште постојат начини да се запре процесот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Според лабуристот Кан, британската Лабуристичка партија на гласачите би можеле да им понуди шанси за промена на курсот на Брегзитот по следните избори, така што ќе вети дека нема да дозволи земјата да ја напушти ЕУ или дека барем ќе организира нов референдум за ова прашање.

– Да. Јас сум оптимист. Но, за тоа да има кредибилитет во британската јавност, лабуристите мора да подготват манифест затоа што јавноста разбирливо би рекла – чекајте ние гласавме за да излеземе (од ЕУ), а сега вие ни мафтате со средниот прст, изјави Кан во интервју за везникот „Гардијан“.

Кан смета дека лабуристите мора да „нацртат“ во кој правец ќе оди земјата ако победат на следните избори и дака би можеле да ги „надминат“ разултатите од референдумот на кој беше изгласан Брегизтот.

Тој оценува дека Брегзитот ќе го уназади Лондон, бидејќи, како што вели, нелогично е да се очекува да се задржи сегашниот статус на градот како финасиски центар надвор од ЕУ или пак да се очекуваат подобри услови во односите со Унијата, откако земјата ќе истапи од блокот.

Во кусиот коментар на предлозите на Кан, претставник на лабуристите само изјави дека партијата ги почитува резултатите од референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски