САД затвори 60 Руси осомничени дека се руски шпиони

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершинин, рече дека повеќе од 60 руски „заложници“ отслужуваат затворски казни во Соединетите држави, што според него е резултат на нелегалниот глобален лов на Русите од страна на американските разузнавачи. Вершинин ова го изјави во интервју за руската новинска агенција РИА објавено во вторник, во време кога Вашингтон бара нова размена на затвореници со Москва. Вершинин не кажа колку луѓе може да вклучува ова.

„Вкупниот број руски граѓани (во американските затвори) кои се всушност заложници е повеќе од 60“, рече тој.

Тој не изнесе никаков доказ дека се осудени на затвор од политички причини или поради некоја друга неоправдана причина, но рече дека во САД постои општо антитурско расположение и дека тоа е негов став.

Претходно овој месец, САД го ослободија рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој отслужуваше 25-годишна затворска казна, во замена за Бритни Гринер, американска кошаркарка затворена во Русија за поседување дрога. Американските медиуми објавија дека Русија одбила во таа размена да го вклучи Пол Вилан, американски маринец осуден во 2020 година за шпионажа.

Според американските медиуми, Русија бара ослободување на Вадим Красиков, кој во 2019 година беше осуден за убиство на чеченски дисидент во Берлин, како замена за Вилан. Германските власти наводно одбиле да учествуваат.

Би можело да ве интересира

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Американски двоен агент кој работеше за Москва е пронајден мртов

Горан Наумовски

Руските истражители го обвинија новинарот Еван Гершкович за шпионажа