САД загрижени поради зголеменото присуство на Кина во Централна Европа

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела ќе ги посети Унгарија и Словачка, каде со своите домаќини ќе разговара за зголеменото присуство на Кина во овие две земји, а пред се на кинеската компанија „Хуавеј“, соопшти денеска Стејт департментот.

Во соопштението се посочува дека Помпео со своите унгарски и словачки домаќини ќе разговара за начините за зајакнување на билатералните односи во сферата на безбедноста, што вклучува и потипшување на нови договори за одбрана.

– За време на разговорите во Унгарија, секретарот Помпео ќе обрне посебно внимание на улогата на Кина во Централна Европа и ќе ја искаже нашата загриженост поради се поголемото присуство на „Хуавеј“ во Унгарија, се нагласува во соопштението.

Според Стејт департментот, на разговорите Помпео „ќе ги повика регионалните лидери да обрнат внимание на предупредувањата што доаѓаат од земјите од Азија и од Пацификот, кои се соочија со потешкотии поради блиската соработка со Кина“.

Кинеската компанија „Хуавеј“ планира да изгради свој европски логистички центар во Унгарија и да ги зголеми производните капацитети во оваа земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата