САД загрижени поради намалувањето на британскиот воен буџет

Од:

САД се загрижени поради натамошното намалување на британскиот воен буџет, затоа што тоа ја остава армијата на Велика Британија подредена и зависна од Американците, пишува „Дејли телеграф“, повикувајќи се на изјавата на американскиот генерал Реј Одирно.

Според овој генерал, смалувањето на британскиот армиски состав ќе предизвика Британците повеќе да не бидат во способност да дејствуваат покрај силите на САД.

Изјавата на генерал Одирно доаѓа непосредно пред новата расправа во Владата во Лондон, околу натамошното скратување на фондовите за војската. До 2015 година, британската армија ќе треба да се сведе на само 82.000 војници. Оклопните единици, меѓукои и прославената „Пустински стаорци“ ќе останат без своите тенкови.

Американскиот генерал смета дека таквиот обем на скратување веќе сега ги изложува на сериозна опасност одржувањето на заедничките британско-американски операции, а ја оставаат војската на Велика Британија да биде во подредена положба во однос на американските сили.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вети во Вашингтон дека Лондон ќе ги одржува специјалните британско-американски односи кои се изградени на одбранбената соработка.

Министерот за одбрана Филип Хамонд претходно изјави дека ќе се спротивстави на нови скратувања во армијата и на воениот буџет.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху