САД вознемирени од донесување на антиизраелски закон во Парламентот на Ирак

Од:

САД се длабоко вознемирени од донесувањето Закон во ирачкиот Парламент според кој се криминализира нормализацијата на односите со Израел, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

– Покрај тоа што ја загрозува слободата на изразување и промовира атмосфера на антисемитизам, овој Закон е чиста спротивност на прогресот направен од страна на соседите на Ирак, со градење мостови и нормализација на односите со Израел и создавање нови можности за луѓето од целиот регион, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да бидат силен и безрезервен партнер во поддршката на Израел, посебно тогаш кога ги проширува односите со своите соседи за повеќе мир и просперитет за сите.

Ирачкиот Парламент вчера изгласа регулатива според која се криминализира нормализацијата на врските и какви било односи со Израел, вклучувајќи и водење бизнис. Според оваа регулатива, прекршувањето на Законот е казниво со смртна казна или доживотен затвор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски