САД воведоа санкции за филијала на руски Росњефт во Венецуела поради поддршка за Мадуро

Од:

САД воведоа санкции врз филијалата на руската државна нафтена компанија „Росњефт“ поради давање помош на Венецуела да го заобиколи ембаргото на нафта.

Санкции против „Роснефт трејдинг С.А“ и нејзиниот претседател Дидиер Казамир се дел од дипломатската и економската кампања на администрацијата Трамп за отстранување на власта на Венецуела, Николас Мадуро, јави „Глас на Америка“.

Венецуела со помош на „Роснефт трејдинг“ минатата година успеа да извезе стотици илјади барели нафта, и покрај санкциите воведени минатата година од страна на Вашингтон врз нафтената индустрија во земјата.

– Воведовме санкции кон руската нафтена компанија„ Роснефт трејдинг С.А.“ со што се прекина најголемата помош на Мадуро за избегнување на наметнатите санкции за нафтениот сектор во Венецуела. Оние кои го поддржуваат корумпираниот режим и дозволуваат тој да врши репресија врз Венецуелците, ќе бидат одговорни за нивните потези, нагласи американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија