САД воведоа санкции против водечки ирански генерал

Од:

САД денеска во рамките на својата „максимум притисок кампања“ санкционираа водечки генерал на иранската Револуционарна гарда по разгонот на протестите во Иран, изјави Брајан Хук, специјален претставник на САД за Иран.

-Генералот Хасан Шавапор, е ставен во список на санкции за виза според секција 7031Ц од законот за санкции, изјави Хук на прес за новинарите.

Според него, генералот Шавапор извршил сериозни нарушувања на човековите права за време на протестите.

-Под негова команда лани во ноември во регионот Машар беше извршен масакр над 148 невини Иранци, изјави Хук. Додаде дека САД ја продолжуваат својата кампања на „максимален притисок врз Иран“.

-Колку повеќе Иран му се заканува на светот, толу повеќе ќе биде изолиран, изјави Хук.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето