САД воведoа санкции против поранешен молдавски парламентарец и бизнисмен

Од:

САД го внесоа во списокот на санкции Владимир Плахотњук, поранешен член на парламентот на Молдавија и бизнисмен, поради негова вклученост во „сериозна коруција“, соопштије од американскиот Стејт Департмент.

Според соопштението, Плахотњук, во својство на парламентарен и државен чиновик „бил вклучен во сериозни корупциски дејанија кои го поткопувале законодавниот систем и ја ставиле под сериозна закана независноста на демократските институции во Молдавија“.

Според американските закони, кога странско официјално лице е ставено на список на санкции поради корупција, тоа значи дека посочениот функционер и неговите најблиски роднини немаат право на американска виза. Така, во списокот санкции се најде и сопругата на Плахотњук, Оксана Килдеска, полнолетниот син Тимотеј Плахотњук, како и нивно малолетно дете.

-Оваа одлука јавно демонстрира дека САД не трпат корупција и го поддржуваат народот на Молдавија во борбата со неа, се вели во соопштението. Американскиот Стејт департмент истакнува дека ќе ги користи овие мерки за да привлече на одговорност корупционери од регионот и низ целиот свет.

Бизнисменот Плахотњук, кој сега се е во бегство надвор од Молдавија, е обвинет во отсуство за повеќе криминални дела од руските и од романските власти.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски