САД воведоа нови санкции против Русија

Од:

САД воведоа дополнителни санкции за руските банки, вклучително и државната Гаспромбанк, третата по големина банка во земјата.

Американскиот министер за финансии рече дека овие нови санкции, чија цел е најголемата преостаната руска банка која сè уште не е под санкции, „дополнително ќе ја ослабат и деградираат руската воена машина“.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан додаде: „САД воведуваат значајни нови санкции против повеќе од 50 финансиски институции за дополнително да ја ослабат способноста на Русија да го користи меѓународниот финансиски систем за финансирање и водење на својата брутална војна против народот на Украина“.

Ова е првпат Гаспромбанка да биде цел на американски санкции од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Претседателот Зеленски ја поздрави веста, велејќи дека е благодарен за „силните“ санкции кои доаѓаат во „критичен момент“.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД