САД ветија 5,8 милијарди долари помош за Централна Америка и 4,8 милијарди за Мексико

Од:

САД ветија помош од 5,8 милијарди долари за зајакнување на економскиот развој во Централна Америка и 4,8 милијарди долари за развој на јужниот дел на Мексико.

Помошта на САД има за цел да помогне во обезбедувањето поголема сигурност и можности за работа како дел од регионалниот план кој ќе им овозможи на централноамериканците да останат во своите земји, наместо да мигрираат.

Планот е соопштен во заедничко американско-мексиканско коминике што го објави Стејт департментот, а го прочита мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард во главниот град на Мексико.

Не е јасно дали Мексико ќе даде нешто за возврат. Се тврди дека САД побарале од Мексико да дозволи мигрантите кои бараат азил во САД да останат во земјата, додека се решаваат нивните барања.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД