САД утре ќе воведе поморска блокада на Иран

Од:

Централната команда на САД (CENTCOM) официјално потврди дека од утре повторно ќе воведе поморска блокада на Иран, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што е најавено, блокадата ќе стапи на сила од 22 часот по централноевропско време.

„Силите на CENTCOM ќе спроведат блокада на бродовите што транзитираат до или од иранските пристаништа и крајбрежните области. Американската војска продолжува да го поддржува протокот на сообраќај низ регионалните води за сите бродови што не ја прекршуваат блокадата“, соопшти CENTCOM во објава на социјалната мрежа X.

Како што е наведено, повторното воведување на блокадата на САД против Иран ќе следи по првата фаза од нејзиното спроведување, која траеше од 13 април до 18 јуни.

„Во текот на тој двомесечен период, силите на CENTCOM пренасочија повеќе од 140 бродови што ги почитуваа наредбите, онеспособија девет бродови што се обидоа да ја прекршат блокадата и дозволија да поминат повеќе од 50 трговски бродови што носеа хуманитарна помош“, се додава во соопштението.

ЦЕНТКОМ им советуваше на сите морнари да ги следат официјалните најави и да контактираат со американската морнарица во Оманскиот Залив и приодите кон Ормутскиот Проток.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено