САД уништија моќно оружје на бунтовниците во Јемен

Од:

Американската војска денеска соопшти дека нејзините сили уништиле два фрлачи на противбродски крстосувачки ракети во област контролирана од бунтовниците Хути во Јемен.

Централната команда на САД објави на социјалната мрежа X дека ракетните фрлачи „претставуваа непосредна закана за американските и коалициските сили и трговските бродови кои транзитираат низ регионот“.

Хутите поддржани од Иран, кои контролираат поголем дел од Јемен, извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година.

Хутите велат дека со овие напади ги поддржуваат Палестинците во Појасот Газа.

Припадниците на тоа милитантно движење лансираа и неколку балистички ракети и беспилотни летала кон јужниот израелски град Еилат.

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Трамп: Секој понатамошен напад на јеменската група Хути ќе биде пречекан со „голема сила“

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

ВИДЕО: Американците урнаа свој авион над Црвеното море