САД: Украина има право да ја брани својата територија, да одлучува за својата иднина

Од:

Американскиот Стејт департмент истакна дека Украина има право да ја брани својата територија и да одлучува за својата иднина, јави агенцијата Анадолија.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс коментирајќи ја изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој препорачува линија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија врз основа на границите пред 24 февруари, рече: „Господинот Кисинџер зборуваше како граѓанин“.

– Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина, рече Прајс и додаде дека Вашингтон, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека војната на крајот ќе мора да заврши преку дијалог и дипломатија.

– Веруваме во потребата за мир кој е праведен и одржлив. За жал, не видовме никаков значаен возврат од Москва, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата