САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

Од:

Стотици илјади луѓе во неколку сојузни држави во САД останаа без електрична енергија, а во некои делови од земјата беше воведена вонредна состојба поради силните бури кои се во опасност да се претворат во торнадо, пренесува CBS News.

Во текот на ноќта силно невреме го погоди градот Џеферсонвил во државата Џорџија и државата Индијана, а бројот на повредени на поединечни места не надминува десет.

Еден смртен случај се сомнева дека е поврзан со невремето во Тула, Оклахома.

Во четири окрузи во централна Флорида, каде живеат околу 6,5 милиони луѓе, важеше предупредување за торнадо, со ветрови од 110 километри на час.

Синоптичарите предупредуваат дека силните бури „способни да произведат неколку торнада“ денеска би можеле да ги погодат источна Вирџинија и Северна Каролина.

Во вторникот, 16 торнада беа пријавени на државните метеоролошки агенции во Кентаки, Илиноис, Тенеси, Охајо, Алабама и Џорџија.

Во Тенеси околу 40.000 домови и фирми останале без струја откако гром удрил во трафостаница.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски